Правила на заедницата
Постапки, не лични напади. Споделувај ситуации со контекст и почит кон луѓето.
Пред да објавиш
- Користи содржина за која имаш право на објавување.
- Сокриј лица, таблички и детали што непотребно откриваат идентитет.
- Не објавувај приватни адреси, телефони или други туѓи лични податоци.
- Не снимај додека управуваш со возило и не создавај опасност за фотографија.
Во објавите и коментарите
Без закани, говор на омраза, вознемирување, повици за напаѓање некого или спам. Не претставувај непроверени обвинувања како факти. Посебно внимавај на деца и чувствителни ситуации.
Модерација
Објавите чекаат одобрување. Причината за одбивање се гледа во „Мои објави“ кога е доставена од системот. Анонимното објавување не го крие авторот од администраторите.
Пријавување
Користи „Пријави“ кај јавна објава или контактирај info@root.mk, и без сметка. Испрати линк и објаснување, без лозинки и непотребни чувствителни податоци.